ЛДП и ДОМ: Во какво Скопје сакате да живеете?
Во какво Скопје сакате да живеете? Граѓаните на Град Скопје имаа шанса поблиску да ги запознаат кандидатите за советници и градоначалници од коалицијата на ДОМ и ЛДП на онлајн трибина организирана од движењето „Одлучно за промени“ …

Најголемиот мотив да се кандидирам за важната градска функција е тоа што јас точно знам во какво Скопје и во каков град сакам да живеам. Но, тоа ми е оневозможено бидејќи 30 години наназад се повторуваат истите флоскули, истиот наратив. Сите оние луѓе кои се кандидираа порано говореа за напредок на градот, за тоа како треба да е чист, европски, уреден и да биде во функција на граѓаните, меѓутоа ништо од тоа не видовме во изминативе 30 години, вели Бени Шаќири, кандидат за градоначалник на Скопје од коалицијата на ДОМ и ЛДП.
Ние се соочуваме со јалова политика на две политички партии, вели Антони Новотни, кандидат за градоначалник на Општина Центар. Смета дека Скопје е сè позагадено, со нечисти улици, без план за развој, стратегија и ветување од избори до избори.
Новотни рече и дека не посакува луѓето во Скопје да живеат 10 години покусо од оние во Љубљана поради загадениот воздух.
Ана Јосифоска Тодоровска
