Јанков: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ немаат легитимитет да бараат доверба од граѓаните во Центар
СДСМ и ВМРО ДПМНЕ загубија секаков легитимитет да бараат доверба од граѓаните во Центар, по 30 годишно лукративно одработување во оваа општина, вели кандидатот на Левица за градоначалник на Центар, Андреа Јанков...

Двете најголеми политички партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, загубија секаков легитимитет да бараат доверба од граѓаните во Центар, по 30 годишно лукративно одработување во оваа општина, вели кандидатот на Левица за градоначалник на Центар, Андреа Јанков.
Додаде – нашата програма се заснова на просторот како извор за центарци, неговата хуманизација и на приближувањето на граѓаните за носење одлуки во општината.
Јанков смета дека усвојувањето лоши детални урбанистички планови и нивната поддршка од партиската машинерија доведе до ситуација во Центар, од една страна да има хипер-урбанизирани населби и проблеми со паркирање, како што е случајот со Дебар Маало и Буњаковец, додека од друга, населбите како Маџир маало се тотално заборавени од општината.
Марија Котовска
