Заев не ги прифати оставките на Филипче и Хасани
05.10.2021 17:03
Причините премиерот ги наоѓа во објавениот полициски увид и извештај од Обвинителството...
Не се прифатени оставките на министерот Филипче и неговиот заменик Хасани за пожарот во модуларната болница во Тетово, изјави предмалку премиерот Заев. Причините премиерот ги наоѓа во објавениот полициски увид и извештај од Обвинителството.
Внимателно ги прочитав наодите на истражителите од вештачењето кои беа објавени денеска. Нема причини да се лоцира политичка или менаџерска одговорност кај Филипче и Хасани кои од морални причини поднесоа оставки од функциите, рече Заев на прес-конференцијата пред Владата.
Заев кажадоколку се утврдат евентуални грешки од човечки фактор, тогаш надлежни се органите кои го истражуваат случајот.
