Политика
Пендаровски во посета на Атина, потврдена поддршката за евроинтеграциите
05.10.2021 17:18
Атина ја повтори недвосмислената поддршка на Скопје на патот кон Европската унија. Пендаровски и Мицотакис се согласија, взаемните односи да преминат во стратегиско партнерство...

По триесет години, историска посета со највисоки државни почести за еден македонски претседател на Хеленската Република. Шефот на државата Стево Пендаровски се сретна со државниот врв, со претседателката Сакеларопулу и со премиерот Мицотакис. Атина ја повтори недвосмислената поддршка на Скопје на патот кон Европската унија. Пендаровски и Мицотакис се согласија, взаемните односи да преминат во стратегиско партнерство.
Наташа Гркова- Петрушевска известува од Атина
