Самит ЕУ- Западен Балкан
Во Словенија, самит ЕУ- Западен Балкан. Во Брдо кај Крањ, на маса декларацијата која по долги преговори беше усогласена меѓу земјите- членки, со која уште еднаш се потврдува недвосмислената поддршка за европска перспектива на земјите од регионот...

Во Словенија, самит ЕУ- Западен Балкан. Во Брдо кај Крањ, на маса декларацијата која по долги преговори беше усогласена меѓу земјите- членки, со која уште еднаш се потврдува недвосмислената поддршка за европска перспектива на земјите од регионот.
Сепак има и два услова. Напредокот кон Унијата директно е поврзан со реформскиот процес на секоја земја одделно, и дека секое идно проширување на европското семејство ќе зависи од подготвеноста на Брисел за прием на нови земји-членки. Според дипломатски извори, ова го барала Франција.
На маргините на самитот, средба на македонскиот премиер и бугарскиот претседател, Заев и Радев. Шефот на македонската влада е свесен дека на самитот, нема да има одлука за проширување, но очекува јасна и чиста порака дека местото на државите од регионот е во ЕУ, и оти Унијата е подготвена за тоа, согласно со сите чекори кои треба да ги направи секоја земја соодветно.
