Со водени топови и солзавец полицијата ги смири демонстрантите во Љубљана
Според медиумите, уапсен е локален политичар од Крањ, кој држел говор пред демонстрантите против власта, а полицијата го смета за еден од организаторите на протестите.

Илјадници луѓе учествуваа на вчерашните анти-ковид протести во Љубљана. Со водени топови и солзавец полицијата успеа да ги смири демонстрантите во доцните вечерни часови.
Според медиумите, уапсен е локален политичар од Крањ, кој држел говор пред демонстрантите против власта, а полицијата го смета за еден од организаторите на протестите.
Инаку, во Брдо кај Крањ, денеска се одржува неформален самит ЕУ- Западен Балкан. Поради најави дека демонстрантите и оние кои не се задоволни од владата во среда може да се обидат да се приближат на шефовте на владите на државите учеснички на самитот, полицијата ја зајакна безбедноста.
