НАТО

Столтенберг: Паралелна европска одбранбена организација претставува ризик од поделба

06.10.2021 10:22

Во Вашингтон на разговори во Белата Куќа и Пентагон, Столтенберг ја спомена поддршката на Франција за независна европска одбрана автономна од НАТО, особено по договорот за набавка на подморници меѓу Австралија, Велика Британија и САД.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека поддршката за паралелна европска одбранбена организација претставува ризик од поделба и слабеење на Атлантската алијанса.

Во Вашингтон на разговори во Белата Куќа и Пентагон, Столтенберг ја спомена поддршката на Франција за независна европска одбрана автономна од НАТО, особено по договорот за набавка на подморници меѓу Австралија, Велика Британија и САД.

Столтенберг изјави дека не верува во напорите да се создаде нешто надвор од рамките на НАТО, што ќе се натпреварува со алијансата или ќе ја замени.