Физички напад во угостителски објект во Скопје
Од МВР информираа дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во СВР Скопје синоќа во 23.54 часот М.Б. (45) од Скопје пријавил дека на тераса од угостителски објект на подрачјето на Центар бил физички нападнат од А.Џ. (28) од Скопје.
Од МВР информираа дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
„Дојче веле“ претходно објави дека доцна синоќа во Скопје физички е нападнат претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски.
Аријанит Џафери, син на поранешниот функционер на ДУИ, Муса Џафери и сопственик на компанијата за снабдување со електрична енергија „У Пауер“, физички го нападнал претседателот на РКЕ поради постапката за одземање на лиценцата на компанијата.
