Театарска претстава „Поделби“ од Добрица Ќосиќ на сцената на МНТ
Станува збор за едно од најзначајните дела на српската литература по Втората светска војна, „Поделби“, која својата премиера ја имала на 11-ти март 2021-ва година во Народно позориште во Ниш.

Kопродукцискиот проект на Српско народно позориште - Нови Сад, Народно позориште- Ниш и Народно позориште- Приштина со седиште во Грачаница, ќе се претстави на големата сцена во Македонскиот народен театар на 14-ти октомври со претставата „Поделби“, од авторот Добрица Ќосиќ. Драматизацијата е на Спасоје Ж. Миловановиќ, а во режија на Југ Радивојевиќ.
Станува збор за едно од најзначајните дела на српската литература по Втората светска војна, „Поделби“, која својата премиера ја имала на 11-ти март 2021-ва година во Народно позориште во Ниш.
Во претставата играат: Небојша Савиќ (Урош Бабовиќ, селски газда), соња дамјановиќ (Вида, негова жена), Mилош Цветковиќ (Милош, нивниот син), Вукашин Ранѓеловиќ (Вита, нивниот слуга), Милан Ковачевиќ (Адам Катиќ, селскиот газда), Григорије Јакишиќ (Душан Катиќ, студент, неговиот син), Игор Дамњановиќ (Љубиша Дачиќ, нивниот слуга), Страхиња Бојовиќ (Доктор, граѓански политичар), Дејан Цицмиловиќ (Коста Цветиќ, мајор), Валентин Венцел (Германски офицер) и Бојана Милановиќ (Невестата).
