ФЗОМ апелира да се пререгистрираат невработените во предвидениот рок

28.03.2014 13:22

Остануваат уште два дена до истекот на рокот, а Фондот апелира до невработените лица да се пререгистрираат...

Само 127.083 невработени лица од вкупно 243.085 ја извршиле потребната пререгистрација во Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ). Остануваат уште два дена до истекот на рокот, а Фондот апелира до невработените лица да се пререгистрираат за да не се создаде ситуација тие да останат без сини картони за лекување.

Најмалку невработени лица се пререгистрирани во Скопје 29.550 (47.10%), Тетово, 20,655 (58,56%), Куманово 14,157 (62.50%), Гостивар 11.534 (65.92%) и Струмица 6.260 (51.6947).