Одбрана

Велика Британија донираше опрема за Армијата

06.10.2021 12:56

Опремата се состои од подлоги и вреќи за спиење, мали шатори, набљудувачници за снајперисти, тунелски шатори за специјалци и резервни потпорни елементи. Донацијата е вредна 230 илјади фунти, а опремата е добиена преку НАТО Агенцијата за јавни набавки.

Велика Британија донираше околу четири илјади парчиња опрема за лесната пешадиска баталјонска група и специјалните единици на Македонската армија.

Опремата се состои од подлоги и вреќи за спиење, мали шатори, набљудувачници за снајперисти, тунелски шатори за специјалци и резервни потпорни елементи. Донацијата е вредна 230 илјади фунти, а опремата е добиена преку НАТО Агенцијата за јавни набавки.

Сојузништвото носи резултати, особено за држави како РС Македонија. Да имаш сојузници како Обединетото Кралство навистина е аргумент плус, дополнителна сила, енергија и шанса да развиеме сили што ќе бидат вистински НАТО сили, изјави министерката за одбрана Шекеринска.

Taa информира дека претставници на воените структури на Обединетото Кралство го посетиле и армискиот полигон Криволак и ја споделиле нашата визија, како што рече,за поамбициозен план за овој полигон.

Британската амбасадорка во земјава, Галовеј истакна дека оваа опрема е меѓу најдобрите и ќе овозможи на пешадиските сили да дејствуваат во мисиите во НАТО во сите временски услови.