Политика

ВМРО-ДПМНЕ бара итна седница за разрешување на Филипче и Хасани

06.10.2021 13:04

Пратеникот од опозициската партија, Антонијо Милошоски праша уште колку луѓе треба живи да изгорат како пациенти за да се понесе политичка и објективна одговорност за ваквата трагедија која, како што рече, е резултат на неодговорноста на власта.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ до спикерот Џафери со иницијатива за свикување итна собраниска седница. На дневен ред предлог- одлуки за разрешување на министерот за здравство Филипче и неговиот заменик, Хасани. Опозицијата бара политичка и објективна одговорност за трагедијата во Тетово.

Пратеникот од опозициската партија, Антонијо Милошоски праша уште колку луѓе треба живи да изгорат како пациенти за да се понесе политичка и објективна одговорност за ваквата трагедија која, како што рече, е резултат на неодговорноста на власта.

ВМРО-ДПМНЕ очекува од претседателот на Собранието да ја закаже седницата во рок пократок од 10 дена, бидејќи цени дека состојбата е од итен карактер и треба итно да се разреши.