Политика

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја политизира трагедијата во Тетово

06.10.2021 13:21

Според партијата, сите надлежни институции покажаа капацитет, стручност и подготвеност да спроведат ефикасна и темелна истрага за откривање на причините кои го предизвикаа пожарот во Тетово.

ВМРО-ДПМНЕ не престанува да ја политизира трагедијата и да ја злоупотребува несреќата на семејствата на починатите во тетовската модуларна болница во дневно-политички цели, реагираат од СДСМ.

Според партијата, сите надлежни институции покажаа капацитет, стручност и подготвеност да спроведат ефикасна и темелна истрага за откривање на причините кои го предизвикаа пожарот во Тетово.

Наместо да ги остави институциите да работат независно и професионално, ВМРО-ДПМНЕ сѐ уште се обидува да профитира врз несреќата, се вели во реакцијата на Социјалдемократите.