Економија

Разговори за ублажување на ценовниот шок

06.10.2021 13:32

Владата да најде начин да им помогне на компаниите. Комората да го сублимира нивното мислење, а Регулаторната комисија за енергетика да ги санционира сите снабдувачи кои неосновано ги откажуваат склучените договори со фирмите...

Времето на евтината енергија привршува, ќе мора сите да ја прифатиме новата реалност. Владата да најде начин да им помогне на компаниите. Комората да го сублимира нивното мислење, а Регулаторната комисија за енергетика да ги санционира сите снабдувачи кои неосновано ги откажуваат склучените договори со фирмите. Ова е заклучокот од средбата на премиерот Заев, првиот човек на Регулаторна, Бислимовски, и претседателот на Стопанската комора, Азески.

Зелено светло за одлуката за интервентен увоз на јаглен на домашните електрани, за да се подигне производството на максимално ниво. Апел од компаниите да учествуваат на повикот за да се обезбеди поевтина струја, и за нив и за домаќинствата.

Состојбата со гасот се очекува да биде стабилна. Мора да се мобилизираат сите фактори во процесот, што е од значаен интерес за развој на македонската економија, се вели во заедничкото соопштение.

Средбата се одржа по предупредувањата на бизнисот за нов ценовен шок до крајот на годинава и поскапувања на храната до 50 насто, ако Владата не интервенира.