Свет

Односите меѓу Кина и Тајван сериозно нарушени

06.10.2021 13:42

Поради кинеското воено присуство околу островот, Тајван на готовс да спречи можна инвазија. Односите меѓу двете земји најлоши во последните четири децении. Вашингтон обвини дека Пекинг ја поткопува регионалната безбедност. Кина возврати- САД се провокатори...

Откако Кина го засили военото присуство околу Тајван, островот го вклучи алармот. Тајванскиот министер за одбрана вели дека односите меѓу двете земји се најсериозно нарушени во последните 40 години. Според него, Пекинг може да добие моќ за инвазија на Тајван во 2025 година. Од одбраната со предупредување за плановите за посебен буџет за воздухопловните сили и поморската одбрана.

„Ние мора да ги земеме предвид последиците. Не сакаме да преземеме какви било провокативни дејствија. Доколку ги иритираме, тоа е исто како да иритираме личност која подоцна ќе направи се за да врати за нервозата. Според нашите пресуди, 2025 година е година кога Кина ќе има посеопфатни способности“, вели Чиу Куо-Ченг, министер за одбрана на Тајван.

И меѓународната зедница со внимание ги следи случувањата откако минатата недела кинески борбени авиони го надлетаа Тајван и клучната рута што го поврзува Пацификот и Јужнокинеското Море. Вашингтон обвини дека Пекинг ја поткопува регионалната безбедност, Кина возврати - САД се провокатори.

„Разговарав со кинескиот претседател Си Џи Пинг за Тајван. Согласни сме, ќе се придржуваме кон договорорт. Јасно ставивме до знаење дека никој нема да направи ништо друго освен да го почитува договорот“, рече американскиот претседател, Џо Бајден.

Со цел да се спречи кинеската намера за враќање на Тајван под кинеска управа и активностите во Јужнокинеско Море, САД, Велика Британија и Австралија неодамна потпишаа договор за интензивна воена соработка и заедничко делување во Азиско-пацифичкиот регион. Пактот предизвика лавина реакции во светот, а преставниците на Кина го нарекоа договорот неодговорен.

 

Марјана Димовска