Ковид-19
СЗО: Делта варијантата присутна во 192 земји
06.10.2021 14:07
Значителен пад на нови инфекции е забележан во Африка, Источен Медитеран, Југоисточна Азија, Западен Пацифик и САД.

Делта варијантата на коронавирусот се прошири во 192 земји и територии во текот на минатата недела, велат од СЗО. Во изминатата недела во светот е забележано благо намалување на случаи на Ковид-19, во Европа зголемување.
Значителен пад на нови инфекции е забележан во Африка, Источен Медитеран, Југоисточна Азија, Западен Пацифик и САД.
Од почетокот на пандемијата во светот се регистрирани над 235 милиони случаи на Ковид-19.
