Човечкиот нос може да се препознае 1 трилион различни мириси

28.03.2014 13:38

До неодамна се сметаше дека човечкиот нос може да препознае околу 10 000 различни мириси, иако многу научници сметаа дека ова бројка е премногу мала. Новo истражување сепак сугерира дека реалната бројка можеби е многу поголема.
 
“10 000 е многу низок резултат”, изјави авторот на научниот труд и молекуларен невробиолог Лесли Восхол од Универзитетот Рокфелер.
 
Преку процедура слична на тестовите за добар слух, во која субјектите се обидуваат да препознаат мириси, Восхол и неговите колеги работеле со 26 волонтери. На секој волонтер му биле дадени три колби, од кои две содржеле идентични ароми. Волонтерите требало да проценат кој мирис е различен.
 
Во тестот биле користени 128 различни хемиски соединенија кои тестираните субјекти требале да ги препознаат. Способноста да бидат почувствувани нијанси меѓу слични мириси зависела од различните индивидуи.