Поднесена е кривична пријава за насилство против напаѓачот на Бислимоски
Веднаш по пријавувањето на настанот, преземени се содветни мерки за расчистување, односно изготвено е писмено известување до ОЈО Скопје, извршени се разговори со сведоци на настанот, обезбедена е видео снимка, извршен е разговор со пријавениот А.Џ., кој во целост го призна делото, велат од МВР...
Во врска со случајот кој синоќа, кој во СВР Скопје го пријави М.Б. (45) од Скопје дека на тераса од угостителски објект на подрачјето на Центар бил физички нападнат од А.Џ.(28) од Скопје, ја известуваме јавноста дека случајот е целосно расчистен и против А.Џ. ќе биде изготвена кривична пријава за кривично дело насилство, соопшти МВР.
Веднаш по пријавувањето на настанот, преземени се содветни мерки за расчистување, односно изготвено е писмено известување до ОЈО Скопје, извршени се разговори со сведоци на настанот, обезбедена е видео снимка, извршен е разговор со пријавениот А.Џ., кој во целост го призна делото.
Инцидентот се случил синоќа во угостителски објект во Дебар Маало во Скопје, а како што објави „Дојче веле“, причина за нападот е постапката за одземање лиценца на фирма која се занимава со снабдување со струја.
