Австрија

Претрес во седиштето на партијата на Курц

06.10.2021 15:37

Партијата оцени дека се работи за „политички притисок“.

Австриската полиција упадна во седиштето на владеачката партија, на актуелниот австрискиот канцелар Себастијан Курц. Партијата оцени дека се работи за „политички притисок“.

Австриските медиуми наведуваат дека полицијата упаднала и во куќите на најблиските соработници на Курц – портпаролот на партијата Јоханес Фришман, координаторот за медиуми Џералд Флајхман и главниот стратег на партијата Штефан Штајнер.