Вакцинирани околу 75% наставници, околу 2% ученици следат онлајн-настава
МОН очекува дека со континуираната имунизација ќе се обезбеди дополнителна сигурност и услови за продолжување на наставата со физичко присуство.

Околу 75 отсто наставници во училиштата се вакцинирани, а настава на далечина следат околу два процента од учениците, соопшти Министерството за образование и наука. Со одлука на Владата училиштата одржуваат онлајн-настава за оние ученици за кои родителите ќе побараат од медицински и од немедицински причини.
МОН очекува дека со континуираната имунизација ќе се обезбеди дополнителна сигурност и услови за продолжување на наставата со физичко присуство.
Од понеделник треба да почне и најавениот скрининг на околу 8.200 ученици во основните и средните училишта со цел да се добие податок дали има трансмисија на вирусот во училиштата. Тестираењето за присуство на Ковид-19 со земање брис ќе биде по случаен избор на учениците од регистарот на Е-дневник и со согласност на нивните родители.
