Холандската фудбалска репрезентација со двајца селектори

Хидинк на клупата до 2016, потоа Блинд!

28.03.2014 13:42

Фудбалската репрезентација на Холандија доби двајца селектори ! Гус Хидинк ќе го наследи Луј Ван Гал веднаш по Светското Првенство во Бразил претстојново лето, додека Дени Блинд ќе го наследи по завршувањето на Европскиот Шампионат во 2016.

Фудбалската репрезентација на Холандија доби двајца селектори ! Гус Хидинк ќе го наследи Луј Ван Гал веднаш по Светското Првенство во Бразил претстојново лето, додека Дени Блинд ќе го наследи по завршувањето на Европскиот Шампионат во 2016.

Назначувањето на Хидинк воопшто не е изненадување, како што не е ниту должината на неговиот мандат, бидејќи самиот тој преку медиумите уште пред официјалната објава на веста најави дека ќе „селекторува“ само еден двегодишен циклус. Изненадува одлуката на Фудбалската Федерација на Холандија уште сега да го именува Блинд за негов наследник во 2016 и нему да му довери двегодишен договор до Мундијалот во 2018.

Поранешниот репрезентативен дефанзивец и помошен тренер во Ајакс од 2012 му е соработник на Ван Гал во националниот тим. Заедно со некогашниот голгетер Руд Ван Нистелрој, којшто неодамна стана дел од стручниот штаб на ПСВ Ајндховен, ќе му биде асистент на Хидинк.

„Со Гус Хидинк добивме холандски тренер со пребогато меѓународно искуство и со безброј успеси. Дозволувајќи му на Блинд да ја преземе функцијата од него во 2016 сакаме на долг рок да го задржиме континуитетот на работа и на знаење“, соопшти холандската федерација.

Хидинк, којшто ќе почне со работа на 1 август, беше селектор на Холандија пред повеќе од една и пол деценија. Со „лалињата“ играше во полуфиналето на СП 1998 во Бразил.