Ковид-19

Активни 10.819 ковид случаи

07.10.2021 09:22

Најголем број активни случаи има во Скопје и тоа 5.217, а потоа следуваат Куманово со 961 и Тетово со 836. По четири активни случаи има во Демир Капија и Пехчево, а само еден во Дојран...

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата достигна 193.458, од кои во моментов активни се 10.819, откако вчера беа регистирани 406 нови случаи од вкупно направени 3.149 тестирања.

Најголем број активни случаи има во Скопје и тоа 5.217, а потоа следуваат Куманово со 961 и Тетово со 836. По четири активни случаи има во Демир Капија и Пехчево, а само еден во Дојран.

Од почетокот на епидемијата бројот на оздравени пациенти е 175.881, а на починати 6.758.

Надлежните аплираат граѓаните да ја искористат можноста и да се вакцинираат. Од ресорното Министерство информираат дека вакцинацијата се одвива непречено. Заклучно со 5-ти октомври, вкупно се вакцинирани 792.174 граѓани, ревакцинирани се 740.822, а трета доза примиле 499 граѓани.

Ревакцинирани се 53 отсто од граѓаните над 40-годишна возраст, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 47 отсто, а со две дози опфатени се 44 отсто од граѓаните над 18 години.