НАТО протера осум членови на руската мисија
Нема прецизно објаснување за одлуката, која стапува на сила на крајот на месецот. Односите меѓу НАТО и Русија сѐ повеќе се заоструваат откако Москва го анектираше украинскиот полуостров Крим во 2014 година.

НАТО протера осум членови на руската мисија во Алијансата, наведувајќи дека работеле тајно како разузнавачки агенти. Исто така, го намали и бројот на позиции за кои Русија може да акредитира свои претставници во НАТО, од 20 на десет.
Нема прецизно објаснување за одлуката, која стапува на сила на крајот на месецот. Односите меѓу НАТО и Русија сѐ повеќе се заоструваат откако Москва го анектираше украинскиот полуостров Крим во 2014 година.
Двете страни спорат и околу развојот на нуклеарната ракетна програма на Русија, упадите на руските авиони во воздушниот простор на членките на НАТО и нивните прелети над бродови на земјите-членки на Алијансата.
