Бразил
„Фајзер“ ќе вакцинира цел град против Ковид-19
07.10.2021 10:12
Истражувањето ќе се спроведе во градот Толедо, кој има 143.000 жители, во западниот дел на државата Парана, во соработка со Бразилската национална програма за вакцинација.

„Фајзер“ ќе ја проучува ефикасноста на својата вакцина против Ковид-19 со вакцинирање на целото население над 12 години во град во Јужен Бразил.
Истражувањето ќе се спроведе во градот Толедо, кој има 143.000 жители, во западниот дел на државата Парана, во соработка со Бразилската национална програма за вакцинација.
„Фајзер“, кој ја разви вакцината со германскиот партнер „Бионтек“, соопшти дека целта е да се проучи преносувањето на коронавирусот откако ќе се вакцинира населението.
