СЗО: Одобрена првата вакцина против маларија

07.10.2021 10:37

Маларијата со векови е една од најголемите опасности за човештвото и од неа главно умираат бебиња и мали деца. Вакцината која беше докажана како делотворна пред шест години и се смета за едно од најголемите постигнувања во медицината.

Децата низ Африка ќе почнат да се вакцинираат против маларија, што се смета за историски момент во борбата против оваа смртоносна болест.

Маларијата со векови е една од најголемите опасности за човештвото и од неа главно умираат бебиња и мали деца. Вакцината која беше докажана како делотворна пред шест години и се смета за едно од најголемите постигнувања во медицината.

По успешните пробни програми за имунизација во Малави, Гана и Кенија, СЗО ја одобри употребата на вакцината во Потсахарска Африка и во други региони каде што има големо пренесување на маларијата.