Свет

Десетици жртви во силен земјотрес во Пакистан

07.10.2021 10:59

Според локалните власти загинале десетици луѓе, а преку 300 се повредени.

Силен земјотрес од 5,7 степени според Рихтер го потресе планинскиот дел од Југозападен Пакистан, во кој се наоѓаат повеќе рудници за јаглен.

Според локалните власти загинале десетици луѓе, а преку 300 се повредени.

Епицентарот бил на околу 14 километри североисточно од општината Харнаи, и на околу 20 километри под површината на земјата.