Образование

Царовска апелира да се користат дигиталните учебници

07.10.2021 12:19

Учебниците се бесплатни и се достапни на e-biblioteka.gov.mk и треба да се користат во дигитална верзија затоа што тоа е во највисок интерес на учениците и процесот на нивно дигитално описменување...

Учебниците се бесплатни и се достапни на e-biblioteka.gov.mk и треба да се користат во дигитална верзија затоа што тоа е во највисок интерес на учениците и процесот на нивно дигитално описменување и следење на дигиталните содржини пропратени со мултимедија квизови и сѐ останато што не може да биде во печатената верзија, порача министерката за образование Царовска.

Печатени учебници има од страна на министерството пуштено во сите училишта, а веќе се постапува од страна на Министеството за внатрешни работи по сознанијата дека  се продаваат во книжарниците.

Брото за развој на образованието нема издадено одобрение на никого за печатење примероци. Ако ми посочите каде се наоѓаат, тогаш јас тоа директно би го пријавила во Министетството за внатрешни работи како што направив и во претходни случаи кога имав сознанија дека такво нешто се случило и каде што имаше постапување,  изјави Царовска по учеството на конференција за унапредување на финансиската едукација на учениците од средните стручни училишта.

Рече и дека просветните инспектори се постојано на терен за да контролираат дали се користат фотокопирани учебници за четвртоодделенците апелирајќи да се користат дигиталните верзии.