Децата низ Африка ќе се вакцинираат против маларија
Вакцината која беше докажана како делотворна пред шест години и се смета за едно од најголемите постигнувања во медицината. По успешните пробни програми за имунизација во Малави, Гана и Кенија, СЗО ја одобри употребата на вакцината во Потсахарска Африка ...

Децата низ Африка ќе почнат да се вакцинираат против маларија, историски момент за оваа држава во борбата против оваа смртоносна болест, која со векови е една од најголемите опасности за човештвото. Од неа главно умираат бебиња и мали деца.
„Ова е историски ден, бидејќи не само што оваа вакцина е само за маларија, туку е и првата вакцина за која било паразитарна болест. Така, таа ќе отвори можност за контрола и на други болести“, нагласи Тедрос Аданом Гебрејесус, генерален директор на СЗО.
Вакцината која беше докажана како делотворна пред шест години и се смета за едно од најголемите постигнувања во медицината. По успешните пробни програми за имунизација во Малави, Гана и Кенија, СЗО ја одобри употребата на вакцината во Потсахарска Африка и во други региони каде што има големо пренесување на маларијата.
„СЗО препорачува широка употреба на првата светска вакцина против маларија. Долгоочекуваната вакцина е пробив за науката, здравјето на децата и контролата на маларијата. Вакцината може да спаси десетици илјади млади животи секоја година“, рече Гебрејесус.
„Вакцината ја менува играта и пристигнува во вистинско време. Напредокот во намалувањето на Маларија во Африка е во застој во последниве години, итно се потребни иновативни алатки и пристапи за да се врати глобалниот напор за контрола на маларијата. Во африканскиот регион, веќе почнавме консултативен процес за преиспитување на маларијата за да ги разгледаме бариерите за напредок и како да ги надминеме“, вели д-р Матшидисо Моети, регионален директор на СЗО за Африка.
Вакцината е само околу 30 проценти ефикасна и нејзината заштита исчезнува по неколку месеци, но научниците тврдат дека сепак може да има големо влијание. 94 проценти од случаите на зараза и смртните случаи од Маларија се случуваат во Африка, каде што живеат 1,3 милијарди луѓе. Оваа болест што ја предизвикува заразен комарец кога ќе касне човек убила 386 илјади луѓе од Африка во 2019-та година.
Марина Ристова
