Политика

Османи: Се работи на изнаоѓање на решение со Бугарија, има придвижувања

07.10.2021 13:24

По изборите во двете земји посуштински ќе разговараме, вели шефот на дипломатијата Османи. Се надева дека во декември е можно да се одржи првата меѓувладина конференција.

Се работи на изнаоѓање на решение со соседна Бугарија, има придвижувања. По изборите во двете земји посуштински ќе разговараме, вели шефот на дипломатијата Османи. Се надева дека во декември е можно да се одржи првата меѓувладина конференција.

„На последниот состанок, после мојата средба со министерот Стоев во Киев, имаше одреден прогрес кој настојуваме да го надоградуваме. Евентуално, после изборните циклуси и овде и во Бугарија, посуштински да се влезе и да се најде одредена формула која ќе биде во интерес на двете држави, со цел на декемврискиот самит на ЕУ да се добие зелено светло“, изјави министерот Османи.

На денешната прес- конференција Османи соопшти дека Министерството за надворешни работи почна проект за ставање во функција на имоти наследни од поранешна СФРЈ во нашата дипломатско-конзуларна мрежа, при што ќе бидат реновирани повеќе објекти кои се користат како дипломатско-конзуларни претставништва, а ќе се градат и нови згради на амбасадите во Атина и во Анкара, за што се одобрени средства од Владата.