Граѓаните ќе можат да ги извадат потребните документи од судовите за неколку минути
Граѓаните преку интернет страницата Е-услуги ќе можат за само неколку минути да извадат документ од казнена евиденција. Ќе заштедат време и пари, велата од Владата...

Граѓаните преку интернет страницата Е-услуги ќе можат за само неколку минути да извадат документ од казнена евиденција. Ќе заштедат време и пари, велата од Владата. Наскоро дигитално ќе се издаваат и уверенија за изречена прекршочна санкција, забрана за вршење професија, дејност или должност.
„Од денес на граѓаните ќе им бидат потребни буквално неколку минути да добијат уверение од казнена евиденција. Набрзо истото ќе можат да го направат и за изводите од кривична евиденција. Се работи на трета услуга, односно дигитално издавање на уверение дека против лице не е изречена санкција – забрана за вршење на професија, дејност или должност. Начинот е брз, а процедурата едноставна и сигурна. Анализите покажуваат дека со воведувањето на информатичката технологија заштедите на судовите ќе бидат огромни. Ќе се штеди на ресурси и хартија. Токму затоа дигитализацијата има и еколошка димензија, а во светот овие процеси се дел од таканаречена зелена-дигитална трансформација на општествата“, истакна министерот за правда Маричиќ.
Тој подвлече дека дигитализацијата на судството е само почеток на процесот на осовременување на услугите кон граѓаните по што ќе следува вградување на современа информатичка технологија во сите 34 судови во земјава со што ќе се обезбеди и судење на далечина, но и ќе се овозможува видеозапис од судењата.
Судијата Нанев, како претседател на работната група за дигитализација на судството, истакна дека дигиталните услуги за издавање на уверенија се однесуваат на физички и на правни лица и ги опфаќаат сите основни судови кои постапуваат по кривични и прекршочни предмети.
