Мизрахи: Ако Филипче не си поднесе неотповиклива оставка, ќе докаже дека оставката до Заев била фарса
Ако Филипче не си поднесе неотповиклива оставка и не си замине веднаш, ќе докаже дека оставката до Заев била само фарса, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Бараат јавното обвинителство да ги повика да дадат исказ министерот и заменикот Хасани...

Ако Филипче не си поднесе неотповиклива оставка и не си замине веднаш, ќе докаже дека оставката до Заев била само фарса, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Бараат јавното обвинителство да ги повика да дадат исказ министерот и заменикот Хасани.
Четири недели јавноста чекаше да добие одговори. Четири недели немаше реакција од институциите. Насекаде во светот за вакви инциденти и далеку помали од овие оставките се даваат уште првиот ден. Само Венко Филипче наместо да си замине реши да глуми. Сите институции делуваа во насока на заштита на Венко Филипче, рече Рашела Мизрахи.
ВМРО-ДПМНЕ упорно ја политизира несреќата и ги злоупотребува чувствата на граѓаните, истрагата е во тек, одговорност веќе има, реагираат од СДСМ. Според Социјалдемократите, опозицијата не престанува да ја политизира несреќата и да ги злоупотребува чувствата на семејствата на починатите во тетовската модуларна болница во дневно политички цели.
