Ракомет

По 13-тата негатива, се мисли на скопска позитива

28.03.2014 13:58

Во Ростов македонски ракометарки во подмладен состав издржаа како рамноправен противник 40 минути, против Русинките. Тоа беше прво истрчување во ваков состав на нашите и тоа во квалификацискиот прв натпревар за пласман на континенталното во Хрватска и Унгарија во декември месец.

До 10-те минути во вториот дел поставеноста на играта на селекторот Ристо Магдинчев резултираше со актиовен резултат, или само 4 позитива за русинките. Но, потоа силите попуштија, за конечниот исход резултираше со високи плус 13 за ракометната велесила Русија.

”Проблем е што во моментов можам да се потпрам со сигурност на осум до девет ракометарки, останатите кои се на клупа, сепак се тоа млади девојки кои против ваков противник тешко дека може да направат нешто повеќе, на пример пресврт. “-вели Магдинчев.

Како и во Ростов така и во Скопје носечкиот кадар ќе бидат искусните, за што Магдинчев вели.”Тие се искусни, но не се стари играчи, значи ова е репрезентација која сепак ќе треба минимум 4 години да се воигрува и игра заедно, младите и условно постарите. Полека треба да се оформува тимот, не може преку ноќ, особено не вака во првиот нивен заеднички настап, во еден циклус.“

Повторно акцентот на терен се става на спречување на контрите и полуконтрите, а тоа значи нападот дека треба да биде апсолутно сигурен. Да не се прават технички грешки, а во позиционата одбрана Магдинчев е сигурен дека нема да има проблем.

”Верувам во девојките и дека во реваншот утре на домашен терен ќе дадат се од себе да извлечат позитивен резултат“.

Влезот во СРЦ Кале ќе биде слободен, а реваншот Македонија-Русија утре ќе се одигра во 17.45 кога ќе стартува и преносот на МРТ еден.