Локални избори

„Одлучно за проимени“ понуди проекти за решавање на проблемите на штипјани

07.10.2021 15:32

„Доколку ја добиеме довербата од граѓаните, уверени сме дека ќе реализираме важни проекти во наредните четири години“, рече кандидатот за градоначалник на Штип од коалицијата „Одлучно за промени“, Ванчо Санев. Двете партии во коалицијата, ЛДП и ДОМ најавија нов квалитет на политичката сцена...

Уверени сме дека нашата кампања ќе даде резултат, рекоа од Коалицијата „Одлучно за промени“ на ДОМ и на ЛДП на митингот во Штип. Кандидатот за градоначалник, Ванчо Санев посочи дека нудат проекти за решавање на проблемите на граѓаните; од замена на азбестните водоводни цевки и воведување јавен превоз до претворање на месноста „Суитлак“ во туристичко-рекреативен центар. „Доколку ја добиеме довербата од граѓаните, уверени сме дека ќе ги реализираме овие проекти во наредните четири години“, рече Санев пред штипјани.

На нашите советнички листи не се само партиски членови, туку и граѓански активисти, непартиски граѓани и експерти од различни области, бидејќи сакаме да обезбедиме здрав и квалитетен живот на граѓаните во сите општини, рече претседателката на ДОМ, Маја Морачанин.

На митингот говореше и заменик-претседателот на ЛДП, Зоран Шапуриќ, кој рече нивната коалиција ќе донесе нов квалитет на политичката сцена.

 

Мартин Пушевски