„Левица“ на собир во Делчево претстави дел од проектите
Ќе го вратат детскиот џагор на Голак, најавија од „Левица“ на собирот во Делчево. Партијата претстави дел од проектите, Апасиев рече дека нивната мисија е да ги освестат масите. Според него, тие имаат резултат кој другите партии не можат да ги постигнат ниту со скапо платени кампањи...

„Левица“ од Делчево најави проект за изградба на авантуристички парк. Од партијата велат дека ќе се врати времето кога Голак бил преполн со деца од различни градови од државава. „Изградбата на парк е само еден од начините како да се врати детскиот џагор, потребна се идеја и креативност кои Левица ги има“, рекоа говорниците на собирот пред штабот на партијата во градот.
Мисијата на „Левица“ е да ги освести и политизира масите, бидејќи неедуцирано население може да се продаде за вреќа брашно или за мало ветување, додека освестена индивидуа, без оглед на нејзиното образование, која има здрав разум и политичка едукација, многу тешко може да се купи, рече партискиот лидер Апасиев во Делчево.
„Левица“ постигнува резултати кои другите партии не можат да ги постигнат ниту со скапо платени кампањи од милионски суми, рече Апасиев. Тој додаде дека имаат поголем контакт до населението, особено до младите и како што рече, тоа е нивна партизанска предност.
Александра Спировска
