Алијанса и Алтернатива: Сегашната слика со низа проблеми ќе биде минато за Сарај
Во Сарај пердизборни активности на коалицијата Алијанса за Албанците - Алтернатива. Кандидатот за градоначалник, ќерим мамути, пред жителите вети професионално и ефикасно раководство кое ќе работи во интерес на граѓаните. Време е политичките противници да се соочат со нивните измами, порача лидерот на Алтернатива, Гаши. Неговиот коалициски партнер, Зиадин Села пак, им порача - само со споредување на нештата можеме да го направиме вистинскиот избор...

Коалицијата Алијанса за Албанците- Алтернатива ја продолжи предизборната активност во општина Сарај. Претставувајќи ја својата програма, кандидатот на оваа коалиција, Ќерим Мамути, им вети на жителите на оваа општина професионално и ефикасно раководство кое ќе работи во интерес на граѓаните. Посочи дека со нашето раководење со општината ќе се надмине недостатокот на вода за пиење. Вети и канализација за населените места каде досега ја немало. Сегашната слика со низа проблеми ќе биде минато за Сарај, вели Мамути. Вети квалитетно образование, а сегашната локалната власт ја обвинувини за лошо управување и нетранспарентност на локалната администрација.
„Ќе ја ослободиме општината од 12-годишната окупација на ДУИ. Професионалното раководство заедно со администрацијата со мене како градоначалник ќе бидат во служба на граѓаните со искреност и срце, висок морал и сериозност за нивните проблеми со тоа што ќе станеме услужни и ефикасни“, изјави Ќерим Мамути – кандидат за Сарај.
Пред жителите на општина Сарај, лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, рече дека е време политичките опоненти да се соочат со нивните измами. Тој ги потсети жителите дека пред една година нивните политички противници ги измамиле ветувајќи им прв премиер Албанец. Поканувајќи ги гласачите да го поддржат својот кандидат, Гаши рече дека ќе докажат дека и лани биле победници на парламентарните избори.
„Мислам дека 17 - ти октомври е денот кога треба да го вратиме долгот што ни го зема минатата година. Ако не изневерија пред една година, ајде заедно на 17-ти октомври да им вратиме на нив и кажете им дека победата е наша“, нагласи Гаши.
Во својот говор, лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, се фокусираше на ветувањата и нивната реализација од претходната локалната власт. Според него, само со споредување на нештата можеме да го направиме вистинскиот избор. Социјалната поддршка, борбата против корупцијата, чистата средина беа само празни ветувања од претходната локална власт, додаде Села.
„Вие ќе се соочите со кандидати, едниот е оној што ги претставува најлошите работи што може да ги има човечката природа, а од друга страна го имате Ќерим кој е пред се искрен, кој е вреден, озбилен и пред се кој го сака своето родно место и сака да го гради и направи подобро за жителите на Сарај“, нагласи Села.
Пред жителите на Сарај се обратија и носителот на листата за Град Скопје Кадри Хаџихамза и носителот за општина Сарај, Ертан Демири. Двајцата кандидати ветија максимална посветеност во реализацијата на ветувањата.
Наташа Гркова- Петрушевска
