Продолжува предизборната кампања
Изборниот караван „Најдоброто за мојата општина“ предводен од СДСМ денеска е меѓу граѓаните на Чешиново-Облешево, Зрновци, Кочани и Арачиново, а Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја претстави изборната кампања „Создади нова иднина!“ во Македонски Брод, Сопиште, Аеродром и Гази Баба...

На политичките партии и кандидатите за градоначалници и советници им преостануваат уште осум дена да ја претстават својата програма пред граѓаните.
Изборниот караван „Најдоброто за мојата општина“ предводен од СДСМ денеска е меѓу граѓаните на Чешиново-Облешево, Зрновци, Кочани и Арачиново, а Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја претстави изборната кампања „Создади нова иднина!“ во Македонски Брод, Сопиште, Аеродром и Гази Баба.
ДУИ ќе ги продолжи изборните активности во Дебар, а „Левица“ во Богданци и Гевгелија. Изборните програми пред граѓаните ќе ги претстават и независните кандидати за градоначалници.
Митинзи и собири со граѓани се одржаа и вчера. Лидерите на партиите и кандидатите за градоначалници со ветувања за европска иднина и решавање на локалните проблеми на граѓаните.
Кампањата за претстојните локални избори завршува на 15-ти октомври на полноќ.
