10.785 активни ковид- случаи, 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина
Вкупната бројка на Ковид-19 дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 193.846. Оздравени се 176.278, а починати 6.783.

Бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјава е 10.785 лица. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа, од направени 2.974 тестирања, регистрирани се 393 нови случаи на Ковид-19. Оздравени се 397 пациенти, а 20 граѓани ја изгубиле битката со вирусот во последните 24 часа.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште пет починати лица, со датум на смрт од 21.09.2021 до 02.10.2021 година.
Вкупната бројка на Ковид-19 дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 193.846. Оздравени се 176.278, а починати 6.783.
Досега во земјата се направени вкупно 1.311.162 тестирања на Ковид-19.
Опфатот на вакцинација со една доза, на полнолетната популација е 47 отсто, а со две дози опфатени се 44 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина, покажуваат информациите на Министерството за здравство.
