Лидерот на конзервативците Лашет најави повлекување
Помалку од една година откако го презеде раководството на партијата од Меркел, Лашет рече дека ќе се обиде да одржи конгрес на ЦДУ на кој ќе се одлучува за иднината и реорганизацијата на лидерството.

Лидерот на германските конзервативци Армин Лашет најави оставка од раководството на ЦДУ, по катастрофалните резултати на неговата партијана парламентарните избори во септември, на кои беше кандидат за канцелар.
Помалку од една година откако го презеде раководството на партијата од Меркел, Лашет рече дека ќе се обиде да одржи конгрес на ЦДУ на кој ќе се одлучува за иднината и реорганизацијата на лидерството.
Според весникот „Билд“, конгресот треба да се одржи во првата половина на декември во Дрезден.
Избирачите го сметаат Лашет за најодговорен за најлошиот изборен резултат што конзервативците го постигнаа во историјата на модерна Германија.
