Свет

Американска подморница се судри во мистериозен објект во Јужнокинеско Море

08.10.2021 10:29

Инцидентот се случува во момент на засилени тензии во овој спорен регион, проследено со честите упади на кинеските борбени авиони во воздушната одбранбена зона на Тајван.

Петнаесетмина морнари биле повредени кога американска нуклеарна подморница се судри со непознат предмет во водите на Јужнокинеското Море. Подморницата била упатена кон Гуам.

Инцидентот се случува во момент на засилени тензии во овој спорен регион, проследено со честите упади на кинеските борбени авиони во воздушната одбранбена зона на Тајван.

Кина тврди дека има право врз најголемиот дел од Јужнокинеското Море, додека околните земји и САД не се согласуваат.