Реал славеше во Тел Авив, Олимпијакос се буди

28.03.2014 14:06

Во кошаркарската Евролига синоќа се одиграа 5 натпревари од 12 коло во Топ 16 фазата. Во рамките на “Е“ групата гостите се вратија со убедливи победи, откако европскиот првак Олимпијакос ја забележа шестата победа сезонава, над Уникаха Малага со 80:63, а во дуелот за избегнување на дното, Лаборал го изненади Анадолу Ефес со 105:79 што беше трет успех за шпанскиот клуб. Вечерва се играат уште два меча, во кои Фенербахче Улкер го пречекува Емпорио Армани, а Барселона му е домаќин на Панатинаикос.

Во кошаркарската Евролига синоќа се одиграа 5 натпревари од 12 коло во Топ 16 фазата. Во рамките на “Е“ групата гостите се вратија со убедливи победи, откако европскиот првак Олимпијакос ја забележа шестата победа сезонава, над Уникаха Малага со 80:63, а во дуелот за избегнување на дното, Лаборал го изненади Анадолу Ефес со 105:79 што беше трет успех за шпанскиот клуб. Вечерва се играат уште два меча, во кои Фенербахче Улкер го пречекува Емпорио Армани, а Барселона му е домаќин на Панатинаикос. На табелата каталонскиот тим има максимални 11 победи, пред Армани со 8 победи и 3 загубени натпревари.  

И во “Ф“ групата домаќините потклекнаа во два од трите дуела. Најнеизвесно беше во Тел Авив, каде што Реал Мадрид го порази Макаби со 77:76. Галатасарај беше поуспешен од Жалгирис во Каунас со 84:72, а единствената домашна победа ја оствари ЦСКА Москва, која го совлада Баерн Минхен со 77:70. Во пресрет на последниот натпревар од групата меѓу Локомотив и Партизан, на табелата водат ЦСКА и Реал со по 10 победи и само два пораза, а иако загуби, блиску до четвртфиналето е и Макаби, со 7 победи досега.