Јапонија
Земјотрес од 6,1 степени го погоди Токио
08.10.2021 11:33
Според официјалните лица не е направена поголема материјална штета и не постои опасност од цунами...

Силен земјотрес со јачина од 6,1 степен го погоди Токио. Повредени биле најмалку 17 лица, а возовите и метрото беа запрени.
Според официјалните лица не е направена поголема материјална штета и не постои опасност од цунами. Епицентарот бил во префектурата Чиба, источно од Токио, на длабочина од 80 километри.
Ова е најсилниот земјотрес во Токио од март 2011 година.
