Политика

Борел: Бугарија треба да биде пофлексибилна

08.10.2021 12:35

Бугарија се противи Северна Македонија, веќе членка на НАТО, да се приклучи на Унијата поради спор околу јазикот. Мислам дека Бугарија треба да покаже поголема флексибилност за овој проблем што го блокира почетокот на преговорите, рекол Борел на настан во Мадрид.

Бугарија треба да биде пофлексибилна во однос на проширувањето на ЕУ на Западен Балкан, изјавил европретставникот за надворешна политика Жозеп Борел.

Бугарија се противи Северна Македонија, веќе членка на НАТО, да се приклучи на Унијата поради спор околу јазикот. Мислам дека Бугарија треба да покаже поголема флексибилност за овој проблем што го блокира почетокот на преговорите, рекол Борел на настан во Мадрид.

Претходно оваа недела, 27-те лидери на Европската унија им ветија идно членство на своите шест балкански соседи, повторувајќи го ветувањето дадено пред 18 години, но тие ги отфрлија повиците за постигнување на таа цел до 2030-та година.