Целосно е изгаснат пожарот во центарот на Скопје

28.03.2014 14:21

Се уште не се познати причините поради кои избувнал пожарот...

Целосно е изгаснат пожарот кој утрово избувна во стан на улицата „Димитрија Чуповски“ бр.21, на 11-ти кат, до гимназијата „Јосип Броз Тито“ во центарот на СКопје.
 
Според информациите од Бригадата за противпожарна заштита, во гаснењето на пожарот учествувале над 20 пожарникари и девет против пожарни возила.
 
Противпожарните служби интервенирале во 11:40 часот, откако граѓани го пријавиле пожарот.
 
Се уште не се познати причините поради кои избувнал пожарот, ниту штетата која била предизвикана.