Македонија

Обвинителството за организиран криминал поднесе обвинение против Рашковски

08.10.2021 14:27

Обвинението следува по отворената истрага според која софтверот никогаш не бил искористен и сомнежите дека уредот за гласање е негов личен изум.

Обвинителството за организиран криминал и корупција поднесе обвинение против поранешниот генерален секретар во Владата, Драги Рашковски, за набавката на софтвер за сообраќајни прекршоци во МВР и за биометриска идентификација на гласачи.

Обвинението следува по отворената истрага според која софтверот никогаш не бил искористен и сомнежите дека уредот за гласање е негов личен изум.

Рашковски во моментов ја издржува мерката притвор. Вештачењата се готови, осомничените беа на распит, а двата предмети се споени во еден.

Освен против Рашковски, обвинение е покренато и уште против шестмина негови соработници.