76% од новите случаи и 81% од хоспитализираните со Ковид-19 се невакцинирани
Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид 19. Според статистика за изминативе два месеци, 28.856, граѓани, односно 76% од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани.

Во период од 06.08 до 7.10.2021 на територија на државата 38.019 граѓанин се позитивни од тестирани на Ковид- 19, од нив 24% биле целосно вакцинирани, односно 9.163 лица.
Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид 19. Според статистика за изминативе два месеци, 28.856, граѓани, односно 76% од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани.
Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 81%, додека само 19% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани.
Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 6.08 до 7.10.2021 на територија на државата починале 1.277 пациенти со Ковид 19, 1.070 пациенти од починатите, односно 84% не биле вакцинирани, а само 16%, односно 207 примиле вакцина.
Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас.
Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2, иинформираат од Министерството за здравство.
