Македонија со најмало бирократско оптоварување за компаниите
На една компанија во земјава и се потребни 146 часа за да биде во согласност со сите законски барања. Истражувањето за индексот на бирократија покажува дека Северна Македонија од сите опфатени земји има најмало бирократско оптоварување...

На една компанија во земјава и се потребни 146 часа за да биде во согласност со сите законски барања. Истражувањето за индексот на бирократија покажува дека Северна Македонија од сите опфатени земји има најмало бирократско оптоварување во однос на процедурите и бројот на часови кои им се потребни на компаниите за да ги завршат сите обврски кон државата.
Во однос на електронските услуги, Северна Македонија, како што денеска беше посочено, е пред земји-членки на Европската унија.
Системот за исплата на плати е целосно во електронска форма и компаниите воопшто немаат проблем и во услови на пандемија, значи не се зголемува товарот. Ова би го посочила како добра страна, изјави Никица Мојскоска Блажевски, извршна директорка на „Македонија2025″, организација која го презентираше извештајот во Скопје.
Слабостите главно се во оние области каде законската регулатива се уште не е усогласена со Европската унија или е во процес на усогласување. Обврски со кои допрва ќе се соочат компаниите се управувањето со отпад и заштитата на личните податоци.
