Муратов: Нобеловата награда за мир е заслуга на сите кои загинаа за слободата на говорот
Комитетот за мир, специјално избран од Норвешкиот парламент, денеска во Осло ги објави имињата на добитниците на Нобеловата награда за мир. Овогодишните победници се новинарите Марија Реса и Дмитри Муратов...

Комитетот за мир, специјално избран од Норвешкиот парламент, денеска во Осло ги објави имињата на добитниците на Нобеловата награда за мир. Овогодишните победници се новинарите Марија Реса и Дмитри Муратов за нивната храбра борба за слобода на изразување во Филипините и во Русија. Избрани се меѓу 329 кандидати.
„Слободно и независно новинарство засновано на факти служи за заштита од злоупотреба на власта, лаги и воена пропаганда. Без слободата на изразувањето и слободата на медиумите ќе биде тешко да се промовираат братство помеѓу народите, разоружување и подобар светски поредок“, рече Берит Рајс-Андерсен, претседателката на норвешкиот Нобелов комитет.
Реса е еден од основачите на сајтот „Раплер“, кој жестоко ги критикуваше режимот на претседателот Дуерте и неговата контроверзна војна против дрогите. Муратов бил меѓу новинарите кои во 1993 година го покренаа независниот весник „Новаја Газета“.
„Ова не е моја заслуга, туку на Новаја газета и оние кои загинаа бранејќи го правото на луѓето за слобода на говорот“, изјави Дмитри Муратов, главен и одговорен уредник на „Новаја Газета“.
Наградата лани ја доби Светската програма за храна на ОН. Наградата за мир се доделува во Осло, за разлика од другите нобелови награди што се доделуваат во Стокхолм, и традиционално се доделува на 10 декември.
Марина Ристова
