Претставата на Битолскиот театар најдобра на „Војдан Чернодрински“
Претставата на Битолскиот театар е најдобра на 55-от театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, соопшти фестивалското жири. Фестивалот годинава се одржуваше по едногодишна пауза поради пандемијата, со протоколи и изменет термин. Вечер ќе биде затворен со доделувањето на наградите и со омаж за великанот Блаже Конески...

Претставата на битолскиот театар „И коњите ги убиваат, зар не?“ е најдобрата на годинашниов, јубилеен 55-ти Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, а Мартин Кочовски оствари најдобра режија за оваа претстава. Претставата се закити и со наградата за најдобра музика.
Фестивалското жири реши да додели награда и за претставата на Драмски за севкупен уметнички ангажман на авторот и на актерите.
Фестивалот, поради пандемијата лани имаше едногодишен прекин, за сега да се одржи во услови на протоколи и изменет термин. Публиката виде 12 претстави во официјалната програма, промоции и се одржа трибина за последиците кои ги трпи уметноста поради пандемијата.
Фестивалот се затвора со доделувањето на наградите и со омажот „Драмски за Конески“ во чест на великанот на македонскиот јазик, литература и култура Блаже Конески.
Елизабета Митреска
