Кривични пријави за вработени и директор во ЈП Македонски шуми

28.03.2014 14:52

Над 200 кубици огревно дрво се бесправно исечени од површините на македонски шуми. Осомничени за бесправно издавање дозволи за сеча се вработени во јавното претпријатие...

Директорот на ЈП Македонски шуми –подружница Демир Капија, самостоен референт и двајца шумочувари,  сите  вработени во оваа подружница од полицијата се осомничени дека злоупотребувајки ја службената положба овозможиле бесправна сеча на 206 кубни метри огревно дрво.

„Првопријавениот во постапка за издавање Дозволи за сеча на второ, трето и четвртопријавениот им одобрил да издаваат Дозволи за сеча на разни физички лица на кои им ги злоупотребиле личните податоци од причини што истите никогаш не поднеле Барање за издавање на Дозвола за сеча“, рече Анита Стојановска, портпарол на СВР Велес.

Од доказниот материјал со кои располага полицијата, Стојановска вели дека осомничените им овозможиле  на трети лица од нелегално исечените дрва да остварат материјална корист во висина од околу 230 илјади денари. За толку е оштетено и ЈП Македонски шуми.

 

Дијана Иванова