11 Октомври

80 години од Денот на народното востание

11.10.2021 09:05

Во Прилеп се одржа централаната манифестација по повод 80 години од народното востание. Од градот херој се упатени пораките дека 11 октомври е почетокот на остварувањето на сонот за независна и самостојна држава, а новите генерации се тие кои треба да ја обезбедат иднината...

Единаесетти октомври е историски чин кој ни ги донесе државноста, независноста, самостојноста. Денеска ги славиме жртвите на борците, но и нивната храброст да го остварат сонот на нашите предци, а оваа генерација избра да ја обезбеди иднината, се пораките од Прилеп по повод 80 годишнината од народното востание.

„Никој нема забелешки на нашите реформи. Напротив, препознаени се и пофалени. Покажавме капацитет дома постојано да ги имплементираме европските вредности. Овој развој на државата е неопходен пред сè за сите нас овде во Северна Македонија. За жал нашето столче во Европската Унија сè уште не е поставено. Сега од Брисел и особено од Софија очекуваме реално да покажат дека европските вредности и принципи за проширување се сѐ уште стратешка цел. Дека процесот на проширување на Западниот Балкан е жив. Дека гледаат напред, исто како што македонскиот народ гледа напред. Тоа е европски поглед“, истакна премиерот Заев.

„Од овде, од Прилеп, ние бороците ви упатуваме аманет- да го чувате ова парче земја, да ги користиме сите дипломатски механизми за напредна држава“, нагласи Никола Стојановски, претседател на главниот одбор на на Сојузот на борците.

На денот на празникот, одбележувањето на 80 годишнината од народното востание е на Могилата на непобедените во Прилеп каде треба да се обрати претседателот Стево Пендаровски.

Елизабета Митреска